Над 380 уредници на Wikipedia се бaнирани на енциклопедијата бидејќи биле плаќани да ги средуваат текстовите како ПР за компаниите. Дополнително избришани се и над 200 страни поради неточно внесени, односно селективно внесени и дотерани податоци кои ги прикажувале компаниите во подобро светло, јави Wikimedia.
Сите блокирани профили се на англиските страни на енциклопедијата, а причина за нивно исклучување е нарушување за правилата за користење на Wikipedia. Со оглед на тоа дека најголем дел од податоците на енциклопедијата ги внесуваат волонтери кои постојано корегираат податоци, додаваат нови, ги прошируваат темите; постоењето на уредници кои ова го прават за пари ја става во опасност валидноста на информациите бидејќи тие намерно внесуваат погрешни податоци.
Токму неутралноста е клучна за точните податоци на Wikipedia, па ако поголем број на волунтери уредувачи започнат со пракса како и банираните корисници, тогаш сите податоци за компаниите и личностите на енциклопедијата ќе бидат разубавени, некои единствено со речникот, а дел и со погрешни или испуштени податоци.
Ова е втор пат енциклопедијата масовно да затвора профили, откако во 2013-година затвори стотици профили од истата причина. Се чини дека овојпат медимите го свртеа вниманието кон проблемот откако предупредија дека праксата од 2013 се повторува.







