0 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2015

Тим инженери работат на 3Д принтер кој може да печати со секаков материјал

Тимот на американскиот универзитет MIT презентираше ново решение за поголем достапност на 3Д принтерите по попристојна цена. За да го направи принтерот достапен за сите, тимот работи со делово кои ги има во продавниците, но за разлика од останатите 3Д принтери, целта на нивното решение е да може да печати во повеќе материјали.

Технологијата овозможува принтерот да се управува преку еден процесор. Овде се вклучени позиционирањето на главата на принтерот, материјалите, модулите и сите останати потреби за печетање, вели Ars Technica. Дополнително принтерот доаѓа со скенер кој овозможува да се отчитат резултати веднаш по поставувањето на слојот, со што точноста на принтерот е 5μm.

Во моментов принтерот може да печати со десетина материјали со различна цврстина, еластичност, прекршување на светлина и слично. Работата на тимот ќе биде и конечно завршена кога принтерот ќе може да печати со: метал, полимери и керамика, иако за сега нема изгледни можности ова да се случи. Апликациајта за принтерот е наречена Fabricator и управува со се – од изборот на материјал, редоследот на печатење, позиционирање на главата на принтерот и се останато. Цената на принтерот е проценета на околу 7.000 долари, а димензиите се 1.2mх0.6mх1m.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top