Над 2 милиони електрични возила сега возат низ светските улици

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Електричните возила започнуваат да го добиваат своето место во светот.  Во моментов на улиците има над 2 милиони електрични возила. Лидери по бројот на електрични автомобили на улиците се Норвешка и Кина.

Бројката делува поголема отколку што е вистинската состојба на пазарот. Единствено 0.2% од возилата се електрични. Можеби поголем проблем е трендот на намалување на растот на продажба на електрични возила во 2016 година, во однос на 2015 година. Во 2015 година овој раст е 77%, а во 2016 година, 60%.

Најголем број од електричните возила, 40% од вкупната светска продажба е во Кина. Најчест учесник во сообраќајот електричните возила се во Норвешка. Околу 29% од сите возила се електрични. Главна причина за олкавото учество се предностите кои ги добиваа возачите на електрични возила, како бесплатни паркинзи или можност за возење во автобуска лента и поевтино регистрирање. Дополнително Норвешка и субвенционира дел од возилата.

Се чини дека кога ќе им ги одземат придобивките на купувачите на возила, интересот за електрични возила се намалува. Така со прекинување на дел од мерките за популаризација, во 2016 година, се намали интересот за електрични автомобили. Поради ова не е мал бројот на држави кои се подготвуваат да тргнат во спротивна насока. Наместо поттикнување на продажба на електрични возила, забрана за продажба на возила со мотор со внатрешно согорување.

Клучна за поголемата продажба на електричните возила е цената. За намалување на цената може да помогне зголеменото производство на електрични возила. Ова ќе овозможи поевтино да производство на батериите, а со тоа и би се намалила севкупната цена на возилото.

До 2020 година бројот на електрични возила на улиците би можел да биде помеѓу 9 и 20 милиони. Tesla планира 1 милион електрични возила до 2020 година, а Ford ветува 13 нови модели на електрични возила до 2020 година, вели извештајот на IEA кој го сподели ArsTechnica.

Што се однесува до електричните возила во Македонија, иако сега има иницијативи за зелени возила, сепак стандардот на граѓаните е пренизок за издвојување на огромен дел од семејните буџети на електрични возила. Со падот на цената на возилата, а и со идните „car-on-demand“ услуги ова секако ќе се промени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Lkjhgfdsa123
Lkjhgfdsa123
8 months ago

36 crore petrol and diesel vehicles will be removed from the country. It is mentioned that the country is spending Rs.16 lakh crores for energy imports.