iOS донесе пет пати повеќе онлајн продажба од Android за католичкиот Божиќ во САД

во Мобилни

Apple повторно го „победи“ Google, овојпат станува збор за новогодишната продажба. Во новогодишната онлајн продажба iOS учествуваше со 23 отсто, а преку Android се купени само 4,6 отсто производи. iOS корисниците во просек трошат и повеќе пари, 93,94 долари по нарачка, за разлика од Android корисниците кои трошат 48,10 долари, се вели во анализата на IBM.

Сепак анализата не е изненадување бидејќи резултатите доаѓаат единствено од САД каде iOS уредите имаат солидна застапеност од околу 40 отсто. Покрај ова неодамнешните анализи покажуваат дека таблет компјутерите стануваат се поважни во купувањето онлајн надминувајќи ги паметните телефони. Најверојатно ако се споредат резултатите од остатокот на светот предноста на iOS ќе биде намалена, но без сомневање корисниците на iOS имаат поразвиена навика за купување преку своите телефони и таблет компјутери.

Новогодишната продажба го продолжи трендот кој започна на „Црниот петок“ кога iOS имаше уште поголема продажба. Ова покажува дека кога е во прашање онлајн купувањето преку паметни телефони или таблет комјутери, сепак iOS, а не Android е лидер на пазарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments