По неможноста глобално да се прифати најновата Call of Duty: Infinite Warfare, издавачите на еден од најпознатите FPS шутери решија да се вратат на корените и, по кратко задевање на официјалниот сајт, го споделија и следниов трејлер за Call of Duty: WWII.
Според авторите, Call of Duty: WWII го комбинира „препознатливиот напнат и насилен гејмплеј со автентична разработка на односите помеѓу братството кое е основано од секојдневни луѓе.“
Што се однесува до мрежното играње, Call of Duty: WWII ќе има нов асиметричен Allies vs Axis режим кој е потпомогнат со најразлични цели, но и целосно нов систем за напредување кој го нарекуваат Divisions, а е замислен да им дозволи на играчите да навлезат во специјализација и да напредуваат низ ранковите. Згора на ова, ќе има и дигитален простор замислен за социјализација, а наречен Headquarters.
Call of Duty: WWII ќе излезе на 3. ноември, за PC, PlayStation 4 и Xbox One, но до тогаш, авторите најавија дека мрежното играње ќе биде овозможено на овогодишниот Е3 настан, како и преку засебен бета настан за сите заинтересирани.
Исто така, хит режимот Zombies ќе биде пропратен елемент и со оваа игра.