BuzzBase стартува во Македонија; ќе може да заработите од вашето влијание на друштвените мрежи

BuzzBase е сервис кој ја вреднува вашата активност на друштвените мрежи. Идејата зад сервисот, кој стартува во Македонија, е да ве ангажира вас како влијателен промотер кој ќе сподели содржина од брендови и огласувачите, но ќе ви остави да ја имате целата контрола врз содржината. BuzzBase го искористува податокот дека 77 отсто од потрошувачите би купиле производ ако им го препорачаат пријателите; и дека дури 81% од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на друштвените медиуми, а 43% од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку друштвените мрежи. BuzzBase e една од првите светски платформи за промоција на дигитална содржина на Facebook и Twitter, која во Македонија сервисот е донесен како партнерски проект на New Media Mk и IM.mk.

„BuzzBase е уште еден нов начин за дистрибуција на содржина, со таа рaзлика што сега содржината доаѓа од извор кому ти како корисник повеќе му веруваш“, oбјаснува Дарко Булдиоски од New Media Mk.

Toa што го прави BuzzBase интересен како платформа е што им дозволува на таканаречените „базери“ да имаат контрола. Тие не го отстапуваат свој профил за автоматизирани oбјави на содржини, туку самите бираат што да објават и да заработат на основа на своето влијание – според бројот на лајкови, коментари, ретвитови и кликови на објавената содржина.

За брендовите, пак, BuzzBase претставува креативен предизвик бидејќи ако брендовите или огласувачите сакаат нивната содржина да биде препорачана од влијателни корисници до нивните стотици пријатели, можеби и илјадници пријатели на пријатели, тогаш брендовите и огласувачите ќе мора да понудат покреативни и поинтересни кампањи.

„Квалитетната содржина е неопходна за да може да се очекува исход од кампањата. Ваквите сервиси најчесто се користат во иницијалната фаза на стартување (вирални) кампањи што подразбира дека содржината мора ги има сите елементи за брзо да патува низ дигиталниот свет. Една од нашите цели со овој сервис е и да биде дополнителна мотивација брендовите повеќе да размислуваат во насока на креирање квалитетна содржина. Секако ние како агенција сме тука за да помогнеме на кому тоа му е потребно“.

За почеток BuzzBese во Македонија има ангажирано селектирани „базери“ кои можат да поканат свои пријатели да се ангажираат околу сервисот, кои пак ќе поканат други. Ако сакате да станете базер, верувајќи дека имате влијание на друштвените мрежи, и дека може да заработите од тоа влијание, тогаш едноставно се логирате на сервисот, одбирате кампања и ја споделувате содржината до вашите пријатели. Доколку сакаш активациски код, побарај на Twitter или пријави се на buzzbase.mk/#i-wanna-buzz.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] BuzzBase е сервис кој ја вреднува вашата активност на друштвените мрежи. Идејата зад сервисот, кој стартува во Македонија, е да ве ангажира вас како влијателен промотер кој ќе сподели содржина од брендови и огласувачите, но ќе ви остави да ја имате целата контрола врз содржината. BuzzBase го искористува податокот дека 77 отсто од потрошувачите би купиле производ ако им го препорачаат пријателите; и дека дури 81% од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на друштвените медиуми, а 43% од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку друштвените мрежи. BuzzBase e една од првите светски платформи за промоција на дигитална содржина на Facebook и Twitter, која во Македонија сервисот е донесен како партнерски проект на New Media Mk и IM.mk, пишува it.com.mk […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk