0 коментари 2 мин. читање 26 февруари, 2016

ИТ настан: Ќе се претстават четири апликации со отворени податоци

Фондацијата Метаморфозис за 1 март најави претставување на четири веб апликации со отворени податоци. Станува збор за апликации кој се изградени врз сурови податоци, а наменети се за сите идни корисници кои сакаат да им дадат смисла на податоците од институциите. Можеби сепак апликациите најмногу ќе им се најдат на новинарите и истражувачите. Проектите кои ќе се претстават се систем за истражување на јавните набавки, веб апликација за известување за услугите на угостителските објекти во Македонија, податоци за директните плаќања во земјоделството преку ИПАРД и база на податоци од резултатите од набљудувањето на судството во Македонија во текот на една деценија.

Апликациите се изработени од неколку граѓански организации: ИКТ за промени, коалицијата „Сите за правично судење“, ЗИП институт и ИРРЗА. Ова се и победници на Конкурсот за поддршка на проекти поврзани со отворени податоци, кој е во партнерство со Open Knowledge, и со поддршка на Британската амбасада. Повеќе за апликациите и за настанот можете да разгледате на веб страницата на фондацијата Метаморфозис.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top