Memory Mirror е супер производ од стартапот Memomi кое е „огледало“ што му овозможува на купувачот да види како ќе му стои облеката без да се преоблекува. Станува збор за навистина паметен уред кој доаѓа со три дополнителни камери кои овозможуваат да се креира слика од различна перспектива во која ликот ќе изгледа како во вистинско огледало. Ова се рабира не е главниот „трик“ на уредот туку технологијата која овозможува динамичко презентирање на најразлична облека во огледалото.
Во моментов технологијата не е доволно развиена за во детали да се види изгледот на облеката, но е сосем доволно за прв поглед. Дополнително подоцна корисникот може да добие линк до видео од моделите кои ги проверувал, но можеби и некои различни модели како реклама.
Компанијата веќе работи и на огледало кое ќе може да се постави во излогот на продавницата, па потенцијалните купувачи ќе можат од надвор да погледнат како изгледаат во дел од облеката, откри Офер Сарбан од Memomi за VentureBeat.