Данската полиција уапси двајца бидејќи објаснувале како се користи пиратскиот Popcorn Time

во Свет

Данската полиција уапси сопственици на два сајта на кој има упатства за начин на користење на Popcorn Time. Апликацијата која својата популарност ја должи најмногу на едноставно стримање на пиратски филмови, и не е толку комплицирана за користење, но апсењето на двајцата сопственици сепак доаѓа како изненадување. Обвинението против нив е „дистрибуција на знаење и упаство за начин со кој би можело да се стигне до илегални содржини онлајн“, јави Torrentfreak. Приведените се на возраст околу триесет години, а се соочуваа со можна затворска казна од 6 години.

Ова најверојатно е едно од најлудите криминални прогони за кои сме слушнале бидејќи сајтовите не хостирале верзија на Popcorn Time, туку само биле наведени локациите, преку линк, од каде што може да биде преземена апликацијата. Знаењето како се користи било која апликација, па и било кое останато знаење не би смеело да биде казниво дело, уште повеќе казнено дело за кое се оди во затвор.

Но, властите во разни држави очигледно се решителни да го затворат контроверзниот Popcorn Time. Неодамна шест Popcorn Time фан страни се затворени оваа година во Холандија на барање на BREIN, а се чини дека властите во Европа се почесто претеруваат со удоволување на се полудите идеи на разни здруженија и организација кои ги бранат авторските права, на филмските студија. Во САД пак филмско студио поднесе тужби за 11 корисници кои го гледале филмот The Cubbler преку пиратската апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments