Mozilla со TowTruck ќе понуди колаборација на било кој сајт или веб проект

во Веб, Софтвер

Mozilla го стартуваше својот најнов проект наречен TowTruck кој на корисниците ќе им овозможи заедно да работат на некој проект во реално време. TowTruck работи така што сопственикот на сајтот треба да постави мал JavaScript код за овозможување на TowTruck, а посетителите ќе може да го активираат и да ги повикат своите пријатели со едно кликање на копчето.

Откако ќе го отворите, на десната страна ќе се отвори лентата со алатки на коа е прикажана листата на корисници што се вклучение на страната, а секој од курсерите на екранот ќе има различна боја и име покрај него, со цел да се знае кој каде се движи и што работи. Доколку некој корисник се префрли на друга страна која поддржува TowTruck, останатите корисници ќе добијат известување за и тие да се префрлат или да го повикат корисникот назад. За комуникација се користи вградениот чет, додека во иднина се очекува аудио и видео комуницирање.

TowTruck е со отворен код и е достапен на github, додека за тестирање можете да го посетите TowTruck.MozillaLabs.com.

Tow Truck – Proof of Concept in Progress from Simon on Vimeo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk