Gangnam Style заработи 8 милиони долари од YouTube

во Веб

Откако ги собори сите рекорди за гледаност корејската поп ѕвезда Psy, 34, е на најдобар пат да им донесе рекордна сума на Youtube од рекламите. Само страната која го прикажува видеото Gangnam Style заработи 8 осум милиони долари, објави Google.

Секое отворање на видеото му носи просечно 0,65 центи на YouTube. Половина од овие пари одат за креаторот на видеото, што значи дека Psy и студиото YG Entertainment заработиле 4 милиони долари само од прегледите на видеото. Се проценува дека артистот ќе заработи и 2,4 милиони долари од продажбата на синглот на iTunes. Вклучете ги тука и другите ангажмани, настапи во реклами и концерти, и ќе видите дека јужнокорејскиот артист со неговото откачено играње заработи доволно пари за неколку животи.

Популарноста на видеото не е намалена па во последниот месец има дополнителни 230 милиони прегледи. Со ова од 1 милијарда, посетите  се зголемени на 1,23 милијарди.

[youtube]9bZkp7q19f0[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk