Откако OpenAI го лансираше ChatGPT на 30ти ноември 2022 година, вештачката интелигенција го доби светското внимание. Помина повеќе од една година, а речиси секој технолошки гигант работи на свој AI продукт, и ова понатаму останува една од популарните теми на разговор во технолошкиот свет.
AI го променува светот, а ние сѐ уште не знаеме колку работни места бидат заменети со AI, а колку работни места ќе бидат креирани од страна на AI.

Софтверскиот развој не е индивидуална активност во која само се пишува код. Како процес, развојот на софтвер е тимска работа која што вклучува пренос на задачи меѓу различни групи и тесна соработка со деловните корисници.
Поради ова агилните, скрум и останатите методологии се особено важен дел од развојот на софтвер.
Покрај наглиот раст на AI во повеќето полиња, во овој дел сѐ уште има голем простор за раст и развој на оваа наука и моментално таа не е на завидно ниво.
Со развојот на вештачката интелигенција веќе се појавуват некои прототипи кои со тек на време стануваат неизоставен дел од работните навики на софтверските инженери. Од друга страна пак, има многу отворени прашања поврзани со суверинитетот на податоците, безбедноста и регулативите кои што се во процес на креирање или допрва треба да се креираат.

Вештачката интелигенција може да помогне, но не секогаш
Технолошките тимови мораат да бидат претпазливи во врска со развојот на “зависност од вештачка интелигенција”. Целосното потпирање на вештачка интелигенција може да доведе до тоа девелоперите да не знаат како да ги извршуваат своите задачи без помош на вештачката интелигенција.
Градењето зависност од вештачката интелигенција и не е така лошо, доколку не се претера. Но, важно е да се идентификува точката каде што може да ја подобри човечката работа, наместо да го замени донесувањето на човечките одлуки.
Вештачката интелигенција може да има исклучително важна улога во следењето на извршениот код, нудејќи увид во перформансите, корисничкото искуство и повратните информации.
Вклучувањето на вештачката интелигенција во процесите може да ја зголеми продуктивноста.
Инженерските тимови сè повеќе ги усогласуваат своите стратегии со севкупните деловни цели, а прототипните проекти како пилоти, доказите за концепт и тестирањето на апликации бараат помалку ресурси, зголемувајќи ја продуктивноста на тимот.
Следствено, програмерите можат да ги претстават овие проекти на деловните тимови, да замислуваат нови организациски цели врз основа на овие иницијативи и да поттикнат подлабока меѓусебна соработка помеѓу техничкиот и нетехничкиот персонал.
Идеалното сценарио за вештачката интелигенција во развојот на софтвер е беспрекорно да се интегрира во постоечките работни процеси.