1 коментар 2 мин. читање 18 јули, 2016

Lenovo ги претстави Moto Z и Moto Z Force

Lenovo ги претстави првите модуларни телефони од Moto Z и Moto Z Force, а овие телефони можат да бидат прототип за успешен модуларен телефон, вели The Next Web.

Двата уреди се со стандарден хардвер за flagship уред: екранот е 5.5-инчен QHD AMOLED, прекриен си заштита од вода, Snapdragon 820 процесор и Adreno 530 графички процесор, 4GB RAM и 32/64GB слободен простор. Телефоните доаѓаат и со читач на отпечатоци, 13 или 21 МР камера, NFC и USB-C.

 
Сепак овие спецификации не се она што е карактеристично за овој телефон. Еден од додатоците е заден поклопец кој е и дополнителна батерија за уредот. Друг додаток доаѓа од JBL и очекувано станува збор за звучник. Звучникот го прави телефонот многу подебел, но целиот слободен простор околу звучникот е исполнет со батерија, па модулот го зголeмува капацитетот на батеријата за 1000 mAh. Insta-share Projector е друг модул кој како што кажува и името го претвора телефонот во проектор со резолуција 480p, ова е сосем доволно за гледање филмови, вели Напиер Лопез од The Next Web.

Телефонот доаѓа со Android 6.0.1 и речиси без дополнителни апликации, иако дел од провајдерите ќе го наполнат телефонот со дополнителни апликации. Цената на уредот ќе биде околу 300 долари, прогнозира Phone Arena.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top