Корисниците на постарите оперативни системи, како Windows 95 и XP, сигурно пријатно се присетуваат на оригиналните PowerToys, на Microsoft. Се работеше за колекција од алатки за менување работи за полесно снаоѓање и работа во самата Windows околина.
Компанијата Microsoft одново се враќа на идејата, овојпат за нивниот најнов оперативен систем.
PowerToys: PowerRename е Shell екстензија за Windows 10. Со неа, можете да се впуштите во групно преименување на фајлови и фолдери, како и групно вметнување броеви до имињата, групно заменување зборови, игнорирање фолдери и многу повеќе.
Интересно е тоа што, Microsoft воведе и поддршка за мрачен режим во PowerToys, но само во оние области каде таквото нешто е изводливо.