Мобилните уреди се новиот централен екосистем за технологија, вели Бенедикт Еванс

0 коментари 1 мин. читање

Паметните телефони се новиот централен екосистем за технологијата, вели Бенедикт Еванс, аналитичар за најпознатиот инвеститор во стартапи во моментов Andreessen Horowitz. Паметните телефони и таблет компјутери не само што со својот број 10 пати ги надминуваат компјутерите, туку се и централно место кога е интернетот во прашање. „Треба да престанеме да зборуваме за мобилен и десктоп интернет – тоа е како да зборувате за телевизор во боја што е различен од црно-бел телевизор“, вели г. Еванс.

Иако телефоните се иднината на користење интернет и поголема продуктивност, засега навиката за физичка тастатура и глувче, ги задржува најголемиот дел корисниците да останат на својот лаптоп. Сепак во иднина најголем дел од корисниците својата работа ќе ја завршуваат на таблет компјутери или на телефони.

Форсирање на мобилното е една теза од неколкуте на г. Еванс за трендовите што нѐ очекуваат во следниве години. Интересно е што тој останува неимпресиониран и не е убеден во потребата од стандардизација на Интернет на нештата. Сепак она што е потребно е организација на куповите на податоци кои ќе можат да се соберат со овие уреди. Повеќе за размислувањата на г. Еванс околу електричните автомобили, Android против Apple, паметните часовници и телевизијата може да прочитате на неговиот блог.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед