0 коментари 2 мин. читање 28 декември, 2015

Српскиот канал на Zvoganj надмина 16 милиони прегледи за само два месеци

Данило Дабиќ од Србија е во моментов најпопуларната YouTube ѕвезда на Балканот со над 125.000 YouTube претплатници и над 16,4 милиони прегледи на неговите кратки видеа. Доколку не го препознавате името можеби ќе би биде познат неговиот YouTube алијас – Zvoganj. Интересно е тоа што YouTube каналот е стартуван уште во 2009-та година, но првиот анимиран стрип е објавен пред месец дена.

Цената содржина во видеата, од илустрациите до гласовите, ги прави Данило сам. „Цопетова кујна“ го следат околу 125.000 гледачи, а видеата често имаат над стотици илјади прегледи, најпопуларните и преку еден милион. Ако досега видеата ги правеше самостојно, големиот број на гледачи овозможи соработка со продукциската куќа IDJ Videos, пишува Vice.

Се чини како и со сѐ останато во регионов, па и во светот, кога нешто ќе се покаже успешно останатите го копираат. Веќе има обиди за копирање на ликовите, карактерите и концептот на емисиите, заедно со начинот на хумор, па во едно од поновите видеа Zvoganj ја критикува ваквата конкуренција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top