Личните податоците на дури 191 милиони граѓани кои гласале на избори во САД од 2000 година до сега, беа изложени на кражба поради безбедносен пропуст. Истражувачот Крис Викери откри дека базата на податоци која ги содржи личните податоци на гласачите е лошо конфигурирана, и овозможува на злонамерни лица да ја злоупотребат. Дел од личните податоци се адресите, поврзаност со некоја партија и бројот на избирачка легитимација.
По реагирање на истражувачите и јавноста, базата веќе не е јавна, но во времето додека се реагираше, имаше голем ризик за неовластен пристап до овие податоци. Најголем проблем е што овие податоци можат да дојдат до рацете на организаторите на политичките кампањи кои можат да ги злоупотребат, но може да биде проблем што базата ја има и локацијата на гласачите што би требало да биде тајна. За некои луѓе како тие што се следени или се членовите на полицијата, откривање на локацијата може да биде сериозна закана, пишува Engadget.