0 коментари 2 мин. читање 21 април, 2016

Мобилниот интернет ќе го надвладее фиксниот?

Пред неколку години трендот покажа дека се поголем е бројот на интернет корисници кои се приклучуваат од мобилна мрежа. Последното испитување на состојбата покажува дека се поголем е бројот на корисници кои немаат „фиксен“ интернет.

Истражувањето на PewInternet покажува дека бројот на корисници кои имаат мобилен интернет е поголем, но истовремено бројот на корисници кои имаат интернет дома се намалува.

Ова, како и квалитетот на интернет услугата, се чини дека најмногу зависат од приходите на корисниците. Очекувано анкетираните корисници кои повеќе заработуваат имаат и подобар интернет, но постои и поврзаност помеѓу заработката и користењето на мобилен интернет.

Според тоа, 18 отсто од испитаниците кои заработуваат помеѓу 50.000 и 75.000 долари користат единствено мобилен интернет, а учеството во оваа категорија за испитаниците кои заработуваат помеѓу 75.000 и 100.000 долари е 17 отсто.

Анкетата покажува дека исклучувањето на бежичниот интернет не зависи од заработката, туку е свесен избор на корисниците. Мобилниот интернет е доволно квалитетен за корисниците да можат да го користат како главно поврзување со светот. Сепак сервисите како Netflix за кој е потребен побрз и неограничен пристап, на интернет фиксните линии се поприфатливи. Анкетата покажува и пораст на користењето на мобилни уреди за гледање на телевизија, но и пад на бројот на корисници кои користат традиционална или кабловска телевизија.

tabela-pew

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top