Менаџерот Петер Менш на eден од најпопуларните бендови од пред 20 години – Metallica, но и Red Hot Chilly Peppers и Muse, го спореди YouTube со ѓаволот.
„Не нѐ плаќаат воопшто, ако некој не направи нешто со YouTube, готови сме. Крај. Некој нека ги изгасне светлата.“, вели г. Менш, во изјава која е и премногу драматична.
Најголем проблем е што засега ниту еден од сервисите како тој за стрим на музика, така и за видео содржини, не излегол со одржлив модел на заработка.
Бесплатниот модел доаѓа со навистина голем број на корисници, но парите од заработка од рекламите се минимални.
Од друга страна заработката од претплатите од стриминг сервисите е значително поголема, но сè уште недоволно. Она што може да ги радува музичарите, е што овие сервиси го намалуваат пиратирањето, но заработката засега е незабележителна.
Сепак дел од креаторите на содржини заработуваат многу пари на YouTube. Виолинистката Линдси Стерлинг оваа година заработила 6 милиони долари. Разликата помеѓу нејзе и Metallica, е што помеѓу Стерлинг и YouTube нема посредници.
Повозрасните читатели најверојатно се сеќаваат дека Metallica е првата музичка група која го обвини Napster, и започна со тужба против компанијата. Поради ова креаторите на South Park во епизода во која зборуваа на тематикава им доделија една од споредните улоги.
„Тешко е да ги натерате луѓето да платат за нешто што го добиваат бесплатно.“