Мобилни апликации за групнa комуникација

Поради се поголемата мобилност на интернет корисниците, друштвените мрежи еволуираат во помали, поприватни апликации кои им овозможуваат на корисниците да останат во контакт со своите најблиски пријатели. Станува збор за мобилните апликации за групно пишување кои благодарејќи на интернет можностите на паметните телефони овозможуваат одредена група на луѓе да комуницира истовремено, заменувајќи ги SMS пораките и сметките кои доаѓаат со нив. Во светот постојат голем број на вакви апликации, но за жал многу од нив не се достапни интернационално. Во прилог, по барање на @Aleksandar_9, ги имате најдобрите апликации за групно пишување кои можат да се користат и кај нас.

1. Beluga

Beluga е една од најдобите мобилни апликации за групно пишување која е достапна и за iPhone и за Android. Beluga е креирана од поранешни вработени во Google, и поради големиот успех неоадмна беше купена од гигантот Facebook. За да ја користите најпрво треба да пронајдете пријатели кои веќе ја користат, или да поканите преку имејл. Можете да креирате групи и да ги именувате како сакате. Благодарение на пуш нотификациите разговорите се лесни за следење. Исто така можат да се споделуваат локации и фотографии. Beluga нуди едноставниот стримуван интерфејс кој е овозможува лесна комуникација помеѓу кориснците.

2. Kik

Kik е уште една интересна апликација за групно пишување која е многу слична со BlackBarry Messanger. Поради оваа сличност, BlackBerry ја имаат прекинато поддршката за оваа апликација. Kik моментално е достапна и за iPhone и за Android, и покрај можноста за групен разговор, на корисниците им овозможува да испраќаат пораки и со само еден контакт. Корисниците можат да започнат разговор така што ќе одберат еден контакт, и со притискање на иконата во горниот десен агол можат да додаваат дополнителни контакти во разговорот. За да функционира групното пишување сите корисници треба да ја имаат последната верзија на Kik. Исто како и Beluga, и Kik им овозможува на корисниците да испраќаат фотографии за време на групното пишување.

3. WhatsApp

WhatsApp е можеби најкористената апликација за групно пишување поради нејзината можност да се користи на било која платформа. WhatsApp е достапна за iPhone, BlackBarry, Android, и Nokia. Користејќи пуш нотификации, оваа апликација им овозможува на корисниците да испраќаат видеа, слики и говорни пораки. Доколку некој ваш пријател веќе има WhatsApp и е во вашата листа на контакти, тогаш апликацијата автоматски го додава. Користејќи интернет конекција, Wi-Fi, 3G или EDGE, можете да испраќате неограничен број на пораки, фотографии, или видеа. Единствена замерка за оваа апликација е тоа што мора да се плати за неа. Апликацијата за Android и Nokia првата година е бесплатна, а потоа 1,99 долари годишно. Апликацијата за iPhone e 0,99 долари, додека за BlackBerry е бесплатна.

4. Google+ Hangouts

Hangouts e eдна од најдобрите опции кои Google+ ги има да ги понуди. Интересно е тоа што Google+ мобилната апликација сега е далеку подобрена и им овозможува на корисниците користејќи Hangouts да имаат групен видео разговор од било каде. Hangouts сега за сега е достапна само за оние уреди кои имаат камера на предниот дел од телефонот и Android 2.3+ верзија, но се очекува наскоро да излезе и апликација за iOS уредите.

5. GroupMe

GroupMe е една од попопуларните апликации за групен чет коja неодамна беше купена од Skype. GroupMe овозможува четување и споделување локација, конференциски разговори, споделување фотографии, и е достапна за iPhone, Android, BlackBerry и Windows Phone 7. Поради купувањето од Skype, сигурно наскоро ќе видиме GroupMe да биде интегриран во Skype, односно да има Skype со групен чет за мобилни телефони.

6. Facebook Messenger

Facebook Messenger ја содржи функционалноста и дизајнот на апликацијата за групни пораки Beluga, која ја наведовме погоре. Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи поединечни или групни разговори, споделување фотографии, а исто така ќе можат и да ја споделат својата моментална локација. Со оваа апликација сите пораки се праќаат и примаат во реално време, и нема потреба од освежување. Facebook Messenger содржи поедноставена листа на контакти, која овозможува полесно да се одбере личноста која сакате да ја контактирате. Оние корисници кои немаат Facebook Messenger, пораките ги добиваат со СМС, Facebook чет, или Facebook пораки. Messenger може да се преземе од iPhone и Android маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk