Интересно со YouTube е тоа што каде и да се движат видео трендовите, сајтот е секогаш тука зад нив. Моментално е во мода филмските студија да снимаат филмови во нормална верзија, и за да заработат што повеќе во кино салите ги конвертираат во 3Д. YouTube следејќи го примерот на филмските студија, претстави нова опција која овозможува конвертирање на веќе постечките видеа во 3Д.
YouTube веќе некое време си игра со оваа технологија, овозможувајќи поддршка за видеа снимени во 3D. Бидејќи само мал дел на светската популација има камери кои можат да снимаат во 3Д, YouTube одлучи да лансира систем кој ќе може да ги конвертира обичните видеа во 3Д. YouTube користи алатка која го мери движењето и бојата на едно видео за да стимулира длабочина и со тоа да креира 3Д снимка. Од YouTube велат дека ова не може да се носи со квалитетот на камерите кои се направени да снимаат во 3Д, но сепак системот сè уште е во бета фаза. За да можат да се гледаат конвертираните видеа потребни се 3Д наочари.
Уште една интересна новина поврзана со YouTube е партнерството со онлајн сервисот за уредување на видеа, Magisto. Предноста на Magisto е тоа што е многу едноставнен за користење, каде што можете да закачите до 16 видео, да одберете музика, да го именувате проектот, и со притискање на едно копче да имате готов производ. Благодарение на партнерството, Magisto сега ќе биде директно интегриран во YouTube и ќе биде достапен како опција додека се закачуваат видеата. YouTube пред некој ден претстави своја алатка за уредување на видеа, а со Magisto планира уште повеќе да го намали бројот на лоши видеа кои го населуваат сервисот.