2 коментари 2 мин. читање 30 септември, 2011

Google Analytics во реално време

Google Analytics, еден од најуспешните проекти на Google, конечно се збогати со можност за пратање резултати во вистинско време. Со новото подобрување на овој сервис, Google повторно планира да ја размрда конкуренцијата кога станува збор за веб аналитика.

Google Analytics до сега нудеше прилично точни резултати за тоа колкав сообраќај има на одреден веб сајт, но до сега беше потребно минимум еден час за да се појават повеќето резултати, и дури 24 часа за комплетни резултати. Со новата опција за следење сообраќај на веб сајт во вистинско време, корисниците сега нема да мораат да користат повеќе алатки за веб аналитика доколку сакаат да добиваат резултати во вистинско време. Оваа можно ќе се појавува постепено во наредните неколку недели.

Покрај оваа опција, Google одлучи да лансира и премиум верзија на Google Analytics која ќе нуди далеку понапредни опции. Корисниците на премиум верзијата ќе добиваат посебна обука, администратор, како и 24 часовна поддршка од техничките специјалисти на Google. Се разбира доколку сакате да имате премиум верзија на Google Analytics ќе треба да платите 150,000 долари годишно.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Pinceta
Pinceta
14 years ago

Стварно многу добар сервис! И најдоброто е што сите други алатки и сервиси што се, се поврзани со гугл аналитикс. И работат перфектно заедно!

Mартин
Mартин
14 years ago
Reply to  Pinceta

Нема зафрканција со Google. :)

Мени
Заедница
To top
{title}