0 коментари 2 мин. читање 22 јануари, 2014

Мини-компјутерот NUC на Intel сега е поголем и со повеќе простор

Intel изработи нова верзија за своето mini-PC NUC. Новата верзија е малку поголема од претходникот но овојпат доаѓа со повеќе слободен простор. Зголемувањето на висината на NUC за околу 12 милиметри овозможува доволно простор за стандарден лаптоп хард-диск и без дополнителни модификации сега може да се користат хард-дискови до 1 TB кои се високи околу 9,5 милиметри, јавува Legit Reviews кои се едни од првите кои го добија уредот за преглед.

Со мали модификации (потребно е да се исечат горните држачи за дискот) корисниците можат да го зголемат просторот за хардиск до 15 милиметри, што би овозможило простор за хард-дискови со простор од 2 TB. Покрај ова мини компјутерот доаѓа со два DDR3 слота, мини PCI Express Wi-Fи слот, mSATA слот за SSD. mSATA слотот овозможува користење на помал SSD, како кеш за стандарден хард диск. Што се однесува до процесорот Intel ќе понуди i3 и i5 Haswell процесори. Разликата помеѓу новиот и постариот модел е 10 долари, а засега се чини дека побарувањето на овие производи е поголемо од производството па вообичаено NUC е распродаден.

.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top