Мicrosoft тајно плаќал за позитивни YouTube рецензии за Xbox One

во Хардвер

Microsoft не остави ништо на случајност кога се работи за промоција на Xbox One. Во партнерство со Machinima, компанијата предвиди исплата на дополнителни 3 долари за секои илјада гледачи на YouTube рецензиите за конзолата. Рецензиите не смеат да имаат негативни или со потценувачки коментари за конзолата, за игрите, ниту за Machinima, покажува договорот. Можеби најинтересниот дел од соработката е што таа треба да остане тајна, видеата не смеат да имаат објава дека креаторите земаат пари за рекламирањето.

Креаторите на видеата требаа да ги одбележат со таг „XB1M13“, но и да имаат најмалку 30 секунди промоција на Xbox One. Microsoft им исплаќал по 3 долари за 1.000 корисници кои ќе го разгледаат видеото, но единствено за првите 1,25 милиони корисници. За оваа кампања Microsoft потроши единствено 3.750 долари, а бројот на видеа со тагот XB1M13 во моментов е 6.820. Кампањата може да предизвика проблем со Американската федерална комисија за трговија бидејќи нивно инсистирање е на платените реклами секојпат да има информација дека станува збор за реклама. Microsoft во изјава за Ars Technica вели дека соработката со Machinima е преку посредник и дека воопшто не се запознаени со договорите кои ги има Machinima со креаторите.

„Microsoft не знаеше за индивидуалните договори кои Machinima ги има со креаторите на содржини како дел од оваа промоција и ние немавме фидбек на ниту едно од овие видеа. Machinima нема повеќе да постира видеа за Xbox One како дел од овој пакет и ги замоливме да објават дека видеата се дел од платена кампања.“, изјави претставник на Microsoft.

Сепак се чини дека ваквото рекламирање, познато како content marketing, е иднината на маркетинг на Интернет. Google и Facebook веќе поодамна најавија промовирани постови во кои ќе ги користат препораките од своите корисници за рекламирање на содржини на пријателите. Но, разликата меѓу нив и Microsoft е што тие информираат дека се работи за реклами.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments