Дизајн легендата Милтон Глејзер, објаснува дека дизајнот не е уметност и на дизајнерите не треба да се гледа како на уметници.
Г. Глејзер е познат какo коосновач на Push Pin Studios, New York Magazin, Milton Glazer Inc. Дури и да не сте слушнале никогаш за него, без сомневање го знаете „I ❤ NY“ кое е негово најпознатo дело. За да ни помогне да ја направиме разликата, тој нѐ потсетува на дефиницијата на дизајнот.
„Дизајн е процес кој ја менува постоечката ситуација, во посакувана“.
Поради грешка со општото дефинирање, работата на дизајнерите се ограничува на изгледот.
„Во суштина добрите дизајнери пред се решаваат проблеми. Сакаат да ја разберат суштината, корисниците, техничките параметри, и стратешките главоболки пред да ги земат таблите за скицирање или да го вклучат Photoshop. Следниот пат кога ќе работите со дизајнер, започнете со кус приказ на вашите цели. Потоа почнете да објаснувате за боите, фонтот и материјалите.“, пренесува Quartz.
Дизајнерот преку цртежите се обидува да ја долови суштината на проблемите, да изнајде решение. Уметниците и дизајнерите вистина користат исти алатки, но се различни по својата природа и намена.
„Дизајнот има своја цел, а уметноста има комплетно друга цел. Моќта на уметноста е таинствена и не може да се оцени, но ефикасноста на дизајнот се мери по квалитетот со кој ја испорачува целта на клиентот. Како што стареете ја сфаќате разликата помеѓу дизајнот и уметноста.“, додава г. Глејзер.
[…] дефиниција неодамна ја сподели легендарниот дизајнер Милтон Глејзер. Оваа недела студентите на насокота Индустриски […]