Нова малициозна закана за вашиот Android уред, и како да се заштитите

Со растот на популарноста на разновидните мобилни платформи, расте и заканата од разни злонамерни напади, особено за Android уредите. Juniper Networks неодамна објави извештај кој вели дека бројката на малициозни закани за Android уредите има пораснато за 400 отсто. Според студијата, овие вируси најмногу се шират со преземање на разни апликации.

Една од поновите закани, далеку поопасна од останатите тројанци за Android уредите, беше откриена oд CA Technologies. Станува збор за малициозен програм кој се инфилтрира во вашиот Аndroid уред, ги снима вашите разговори и ги складира во SD картичката. Програмот потоа може да вметне конфигурациски документ со кој снимените разговори ќе бидат закачени на надворешен сервер.

Овој злонамерен вирус, како и многу други, се дел од апликации кои всушност се копии на веќе постоечки. Неодамна на Reddit беа откриени преку 50 апликации кои содржат малицизен програм наречен DroidDream. Овој програм се инфилтрира во Android уредите преку инсталираните апликации, за потоа да ја превземе административната контрола и да украде важни информации од уредот.

За среќа постојат неколку едноставни чекори кои можете да ви помогнат да го заштите вашиот Android уред.

  • Заклучувајте го телефонот: Можеби ова ќе ви звучи очигледно, но многумина од корисниците забораваат или ги мрзи да стават лозинка на своите телефони.
  • Преземајте апликации од проверени извори: Покрај тоа што треба да бидете претпазливи на тоа од каде преземате апликации, исто така внимателно погледнете ги и имињата на апликациите, како и нивните креатори.
  • Бидете препазливи кога користите Wi-Fi: Немојте да префрлате важни информации додека користите јавно Wi-Fi. Исто така, поради можноста да се приклучите на злонамерен хост, оневозможете го автоматското конектирање.
  • Не отварајте чудни мејлови: Исто како и на компјутер, многу од Android вирусите се шират преку Интернет. Затоа не кликајте на сите линкови што ќе ви бидат пратени, освен ако не се од проверен извор.
  • Kористете софтвер за безбедност: До пред извесно време вакви софтвери не беа потребни, но како што можете да видите од горенаведените примери, очигледно е дека вашиот уред има потреба од безбедносен софтвер. Еден ваков безбедносен софтвер е Lookout кој можете бесплатно да го преземете од Android маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments