Мicrosoft во „unboxing" видео ја претстави финалната верзија на Xbox One

во Хардвер

Microsoft за првпат ја покажа содржината на Xbox One пакувањето. Станува збор за финалната верзија на конзолата, истата која ќе ја добијат и купувачите. Покрај конзолата и контролерот, како и што беше најавено, во пакувањето е додаден и Kinect 2.0 сензорот. Изненадување за корисниците ќе бидат Xbox One слушалките кои досега не беа споменувани, а ќе доаѓаат во пакувањето. Слушалките се креирани имајќи го во предвид подобрениот квалитет на звук кој го најавува Microsoft. HDMI кабелот кој доаѓа во кутијата поддржува резолуција до 4К. Контролерот е еден од најистакнатите делови на новата конзола, а има можност за полнење на батериите преку USB порт.

За жал, најголем дел од функционалноста на Xbox One ќе бара претплата. Дел од оваа услуга опфаќа снимање и споделување на видеа од гејмплеј, Skype видео разговори или користење на услуга која пронаѓа противници за играње. Покрај ова за мултиплеер играње, како и за Netflix, корисниците ќе треба да се претплатат на Live Gold претплатата, која чини 60 долари годишно. Засега нема најава за почеток на продажбата, но вообичаен период за почеток на продажбата на козоли е пред новогодишните празници кога е најголема и побарувачката. Цената на конзолата е 500 долари.

[youtube]lbrmAsxJPv4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајко Петко
Трајко Петко
12 years ago

:
ами овија исти да ти бидат ко Апле!!

Dejan
Dejan
12 years ago

Заборави да спомнеш дека за да може да се полнат батериите на контролерот преку USB порта, ќе мора дополнително да се купи Play and Charge полнач кој не доаѓа во пакувањето, а се продава по цена од 25 долари.

Мајкрософт обожаваат профит, кога би можеле, би наплаќале и за фрлање во ѓубре на расипаните конзоли и/или на расипаните контролери, кабли и останати периферални уреди за конзолите.