Промоцијата на новиот телефон LG G2 требаше да биде интересен настан на кој стотина случајни корисници ќе добијат по еден нов телефон. Но, LG мораше да ја откаже кампањата и промотивните настани кои требаше да се случат низ цела Јужна Кореја, откако 20-тина луѓе се повредија во лов на бесплатен телефон.
Идејата зад кампања „G in the Cloud” требаше да биде симболична со купони за G2 телефони закачени на балони кои лебдат во воздух, како да се во облаците, а корисниците требаше да смислат начин да ги симнат балоните на земја и да си го земат купонот, односно телефонот. Но, тоа што се случи е, искрено, и најочекуваниот исход кога се работи за бесплатни работи. Алчните корисници се појавија со воздушни пушки, мотки и копља, а следеа и караници, гмечења и други глупости.
LG се извини и изјави дека ќе ги покрие сите лекарски трошоци на повредените. Во секој случај, тука може да важи максимата дека „и лошиот маркетинг е добар маркетинг“, но, што дознавме за новиот G2 телефон?
[youtube[AWewOTjaef8[/youtube]







