Microsoft објави дека во партнерство со SpaceX ќе работи на сателитски интернет за Azure облакот. Azure Space е фокусиран на вселената и сателитско поврзување како дел од облакот.
Сепак новиот сервис ќе им биде корисен на повеќе различни сектори: земјоделие, енергетика, телекомуникации. Во партнерство со Starlink сателитскиот интернет на Space X, ќе биде овозможен брз сателитски интернет за Azure Modular Datacenter.
Azure Modular Datacenter (MDC) е новитет кој компанијата го најави заедно со Azure Space иницијативата. Станува збор за податочен центар во контејнер, своевидно преносно решение. MDC е самостојно решение кое ќе овозможи поставување на „remote“ Azure податочни центри.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






