Мicrosoft тивко ја стартуваше својата друштвена мрежа So.cl

So.cl не е конкурент на Facebook, ниту на Twitter. Има едукативна цел и е дизајнирана е за студентите да споделуваат информации на различни теми. Според Microsoft, нивната нова друштвена мрежа е експеримент кој ја разгледува иднината на друштвеното искуство и можноста за учење.

Корисниците можат да си отворат профил преку својот Facebook или преку Windows Live. Но во моментов може Microsoft да ве стави на листата на чекање бидејќи има голем интерес. Откако ќе се логирате добивате избор на теми од интерес преку која може да се букмаркираат и споделуваат теми и интересни веб сајтови кои корисниците ги „riff“, односно лајкуваат. Oткако ќе се рифуваaт темите, тие се поврзуваат со други информации како слики, видеа и други постови.

Пребарување на теми е поддржано од Bing, прелистувачот на Microsoft. Со комбинација на So.cl и Bing добивате персонализирано пребарување, иако Microsoft вели дека So.cl и Bing не се поврзани, туку мрежата користи јавно API од пребарувачот. Има и опција за креирање на „видео журки“, односно склопување на видеа кои можат да се споделат со корисниците.

[youtube]KV3oTAstoRQ[/youtube]

Откако прочитавте за што се користи и како функционира сигурно ќе се запрашате, зарем не е исто како и другите друштвени мрежи? Зошто да не биде нивен конкурент? Најверојатно бидејќи Micorosoft не сака да си прави таков притисок врз себе. Барем не во моментов.

„Очекуваме студентите да продолжат да го користат продукти како Facebook, Twitter, Linkedin и други друштвени мрежи, како и Bing, Google и други пребарувачи.“, вели Microsoft.

Сепак, иако So.cl е нов, поразличен друштевен продукт, за многумина не е воопшто возбудлив, дури е и непотребен. Како што вели влијателниот Роберт Скобле „Сега сме во пост-PC ерата. Зошто не започнете да работите на мобилни продукти? Тоа барем ќе беше интересно.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments