Мicrosoft со нов софтвер за мобилни

во Софтвер

{mosimage} Мicrosoft го најави Windows Mobile 6.5 за 6 октомври надевајќи се дека ќе успее да биде сериозен конкурент на пазарот на мобилните телефони. Според Garnter, фирма која врши бизнис и ИТ истражувања, „паметните“ телефони е најбрзо растечки тренд на пазарот на мобилни телефони, со продадени 40 милиони парчиња или 27% раст од минатата година.

Секој „паметен“ телефон (iPhone, BlackBery, Nokia 5800, HCT Magic, Palm…) работи на одреден оперативен систем. Сега за сега Windows Mobile едноставно не може да конкурира како соодветен софтвер за мобилните телефони. Ова не е експертска или корисничка изјава туку факт бидејќи на пазарот само 9% од мобилните телефони работат на Windows Mobile, пад од 14 отсто забележани во истиов период лани, според податоците на Canalys.

„Очекуваме да имаме моментум со користењето на Windows како бренд. Тоа е бренд што корисниците го знаат и имаат доверба во него, а ние не го искористивме како што треба. Нашето истражување со корисниците покажува дека се заинтересирани во нашите Windows телефони“ изјави Стефани Фергусон, генерален менаџер за мобилната група на Microsoft, за BBC.

{mosimage}

Но дали Windows Mobile 6.5 ќе зграпчи од пазарот на софтвер за мобилни телефони? Моментално Nokia со Symbian оперативниот систем држи около 45-50 отсто, RIM Blackbary има 20.9 отсто, а Аpple со iPhone држи 13.7 отсто од пазарот.

„Знаеш дека е лошо, кога после формалноста на најавата – датумот, корпорациските забелешки, листа на партнери – првата нова опција која Мicrosoft ја споменува е „редизајниран Internet Explorer Mobile". Па ни треба да се возбудиме затоа што Microsoft ги поправил грешката со стартиот прелистувач наместо да додаде нешто ново и cool?" пишува Џаред Њуман од PCWorld, кој забележува и за Windows Office Mobile дека е „одлично за продуктивност, но дали има нешто повеќе досадно од пишување на Word документ на мобилен телефон?“



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments