0 коментари 2 мин. читање 11 декември, 2012

Google Apps веќе не се бесплатни за бизнисите

Google најави промена во достапноста на апликациите за компаниите. Наскоро бесплатната верзија ќе им биде достапна единствено на индивидуалните корисници. Компаниите ќе мора да платат 50 долари за секој вработен кој ја користи апликацијата без разлика на колку вработени имаат. Овие најави доаѓаат директно од блогот на Google, заедно со најавата дека ова ќе важи за идните корисници, додека  постоечките кои веќе користат бесплатни верзии на апликациите ќе продолжат да ги користат и покрај промената.

Промената се однесува пред се на Google Drive, но и на Gmail, кој од сега од бесплатниот тест период ќе може единствено да се префрли на премиум модел. Ова е направено бидејќи Google смета дека бесплатната опција за компаниите се покажува како контрапродуктивна за компаниите кои ги користат услугите.

Последиците на неподеленост на сервисот на бизнис и домашни корисници, ги чувствувале и двете групи. Бизнис корисниците сакале 24 часовна поддршка, поголем простор во „сандачето“ и поголема доверливост. Поради ова индивидуалните корисници мораа да чекаат подолго за нови опции додека истите не се подготвени за бизнис групата.

За компаниите, наместо две верзии од сега ќе има една. Компаниите од сите големини ќе мора да се претплатат на премиум верзијата Google Apps for Business, која вклучуваат 24 часовна поддршка, 25GB простор во „сандачето“ и гарантирана достапност од 99.9%. Цената е 50 долари годишно за секој корисник

Бесплатната опција за апликациите на Google сè уште ќе се користи во образованието, во сите училишта и универзитет, како и за сите поединци.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top