Microsoft размислува да воведе бесплатна верзија на Windows Phone и Windows RT кои би им биле достапни на производителите на паметни телефони и таблет компјутери. Сепак во моментов Microsoft е концентран на следната надградба на оперативниот систем Windows 8.2 Threshold, јавува Verge.
Бесплатниот оперативен систем ќе значи и пад на цената на телефоните, за кои производителите мораа да плаќаат лиценци за користење на оперативниот систем. Сепак Microsoft ќе треба да се прилагоди на условите и да пронајде нов извор на финансии, ова пред се бидејќи за компанијата во моментов приливот од мобилнот пазар го добива од лиценците кои ги плаќаат производителите. Сепак аквизицијата на Nokia, на коja отпаѓа дури 80 отсто од овие средства, може де го олесни идниот избор на Microsoft.
Средствата во иднина Microsoft би требало да ги собира од апликациите кои доаѓаат за оперативниот систем и услугите кои ги нуди компанијата. Дополнителен прилив би можеле да очекуваат од Bing рекламите, но за ова да биде остварливо пребарувачот би требало да го зголеми своето учество во пребарувањата.
Бесплатниот оперативен систем би можел да ја зацврсти позицијата на Microsoft коj изгледаат дека го обезбедија треттото место кај оперативните системи за паметните телефони. Потегот ќе ја направи компанијата да има сличен принцип на екосистем како Google, но Google е една од ретките техничките компании кои успеваат да „преживеат“ со парите од рекламите.
Konkurencijata si go pravi svoeto, lajk! Ama sepak, nenadminlivi se i vo pogled na mobilni i sekako vo pole na PC.