3 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Color Mania Spree е нова македонска игра за Android

Постојат куп нови апликации на кои треба да им се посвети внимание, но само откако ќе им отстапиме простор за локалните македонски апликации кои стануваат се побројни. Денешнава „апликација на денот“ е новата Android игра Color Mania Spree на Столе Анастасов и Кире Серафимов, која е игра со погаѓање на боите кои недостасуваат на сликата. Вклучени се 125 слики во 12 различни категории како логоа, знамиња и карактери од игри и цртани. Апликацијата е корисна и за постарите корисници да потрошат малку време на играње локални апликации, но и на помалите корисници кои можат да ги научат боите преку игра.

*Бидејќи публиката нa IT.com.mk е најдобрата публика, креаторите на апликацијата споделија и промо-код CMSPREE со кој првите 1.000 кориснци кои ќе ја симнат апликацијата ќе можат да ги отстранат рекламите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top