0 коментари 2 мин. читање 9 август, 2013

Microsoft (повторно) го напаѓа iPad во нова реклама за Acer Iconia W3

Нова реклама од Microsoft за Windows таблет компјутерите повторно е фокусирана околу конкурентниот Apple iPad. Овојпат споредбата не е помеѓу Surface и iPad, туку помеѓу iPad Мini и Acer Iconia W3, таблет кој е цел на немилосрдни критики од најлош екран во класата до „таблетот кој никогаш не требаше да се појави“.

Но, иако Iconia W3 е лош уред, сепак во рекламата Microsoft се фокусира на тоа што е добро во таблетот. Ако рецезентите го искритикуваат хардверот, сепак не ги задржија пофалбите за софтверот, односно Windows 8 оперативниот систем, Office пакетот и можноста за мултитаскинг. Рекламата, иако не е прифатена со воодушевување од аналитичарите, сепак потсетува дека Microsoft е сериозен конкурент. Можеби таблетот овој пат не е нивно дело, но презентираниот софтвер е.

Ова е првпат компанијата да ги презентира Windows таблет компјутерите како гејминг платформа, но имајќи го во предвид уделот на игрите во заработката на апликациите за таблет пазарот ова не е големо изненадување. Со оглед на соработката која со години наназад ја има Microsoft со издавачите на видео игри, во блиска иднина може да го наметнат Windows како доминантна платформа за гејминг на таблет компјутери.

[youtube]-J09HaPkExA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top