0 коментари 3 мин. читање 9 август, 2013

Google објави водич со кој сака да го намали отварањето на мобилни веб страници под 1 секунда

Google ја поднови PageSpeed Insight алатката која има цел да им помогне на сопствениците на веб-страници да ги оптимизираат своите сајтови за мобилните уреди. Според последните информации со кои располага Google, средното време на вчитување на веб-страница преку мобилен трае нешто повеќе од 7 секунди. Во последниот период перформансите се намалуваат, но сепак, тоа сè уште не е доволно брзо, вели Google во новиот водич.

Желбата на Google е да го намали средното време на отварање на помалку од 1 секунда, бидејќи според истражувањето на Nielsen NGorman Group, корисниците не се спремни да чекаат многу долго за да ја прочитат саканата содржина.

Според новиот водич на Google:

  • Серверот е потребно да го рендерира одговорот за 200-300ms доколку се користи 3G мрежа или 50-100ms ако се работи за 4G. Но, бидејќи 4G сè уште не е развиена низ светот, средното време за рендерирање би требало да биде 200ms
  • Бројот на пренасочувања треба да биде минимизиран, бидејќи со тоа може да се додадат уште стотици милисекунди за да се прикаже одговорот.
  • Бидејќи TCP врските не можaт веднаш да го користи целиот капацитет на дозволениот сообраќај помеѓу клиентската страна и серверот, серверот испраќа максимум 10 TCP пакети при поставување на нова врска, потребно е да се минимизира бројот на такви барања.
  • Избегнувајте користење на надворешни JavaScript и CSS датотеки
  • Резервирајте време на прелистувачот за рендерирање – Процесот на парсирање на HTML, CSS и надворешните JavaScript датотеки одзема време и троши клиентски ресурси. Во зависност од брзината на уредот и комплексноста на страницата, овој процес може да одземе стотици секунди. Предлогот на Google е да се резервираат околу 200ms за овој процес.
  • Оптимизирајте го извршувањето и рендерирањето на JavaScript датотеките

Доколку сакате да тестирате и да ги видите резултатите на вашата веб страница, посетете ја страницата на алатката и направете ја анализата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top