0 коментари 2 мин. читање 18 август, 2011

Мicrosoft потврди дека ќе има Windows 8 продавница за апликација

Microsoft ќе го следи примерот на Аpple и со стартување на својот нов, редизајниран oперативен систем, Windows 8, ќе претстави и продавница за десктоп софтвер.

Во својот неодамна-стартуван блог за развивањето на Windows 8, Мicrosoft додека во блог пост ги претставуваше тимовите кои ќе работата на разни делови на оперативниот систем, во листата го наведе и App Store тимот.

Продавниците за апликации се покажаа супер успешни за разни мобилни платформи, Google дури стартувашe и продавница за апликации за својот прелистувач Chrome, а кога Apple ја стартуваше својата Mac продавница најави дека планира да се користи за сите идни купувања на софтвер. Тоа Аpple го и остварено со стартување на новиот оперативен систем Lion кој беше првин достапен ексклузивно преку дигитално симнување од продавницата за апликации.

Со поставување на продавницата, покрај останатите компании кое ќе сакаат да имаат свои продукти излистани во продавницата со цел да се овозможи полесно и поактивно симнување и купување на софтвер, позитивен ефект кој се потврди со мобилните продавници, Microsoft ќе може да го продава и својот Windows и Office преку оваа продавница, можеби конечно ставајќи крај на пиратските копии?

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top