Google го надополни Google Music Beta со музичкиот блог Magnifier

во Веб

Google стартуваше нов музички блог кој ќе има за цел да им помага на корисниците на Google Music да откриваат нова музика. Станува збор за блогот Magnifier кој ќе биде директно поврзан со Google Music Beta и на корисниците ќе им предложува нова музика.

Magnifier секој ден ќе дава по една бесплатна песна од реномирани мизичари, како и од музичари кои допрва ќе станат популарни. Оваа песна ќе биде достапна само за оние корисници кои имаат Google Music. Овие корисници ќе можат бесплатните песни веднаш да ги зачуваат во своите библиотеки. За ова да го сторат, корисниците сè што треба да направат е да кликнат едно копче и песната веднаш ќе се најде во библиотеката. Со овој потег Google сака да покаже колку едноставно би изгледало купувањето музика преку Google Music. Magnifier исто така ќе вклучува видеа од настапи во живо, интервјуа со музичари и ќе презентира нови музички жанрови.

Блогот секој ден ќе презентира по една главна музичка колумна, и честа да бидат први во оваа колумна е инди рок групата My Morning Jacket. Покрај прилогот за овој бенд, на блогот исто така може да се најдат и две нивни бесплатни траки, од кои едната е ексклузивна за Magnifier. За да се дојде до овие песни, корисниците со Google Music профили треба да се упатат во архивата со бесплатни песни, каде може да се најдат стотина песни. Под архивата се наоѓа секција наречена tips+tricks која содржи информации за како да ги користите опциите кои ги нуди Magnifier. Блогот исто така има и категорија Antenna во која секоја недела ќе се презентираат разни изведувачи, и ќе се даваат нивни песни. Овие изведувачи ќе бидат рачно одбрани од музичките експерти на Google.

Со Magnifier, Google ќе се обиде да го прошири бројот на корисници на Google Music Beta, и има за цел моментално да го реши проблемот со кој се соочува Google Music, а тоа неможностоа на Google да постигне договор со дискграфските куќи за да може да продава музика. Затоа корисниците доколку сакаат да слушаат музика мора да ја качуваат сопствената.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk