Microsoft веќе има нарачано помеѓу 3 и 5 милиони Surface таблет компјутери, а производството на уредите е веќе започнато на почетокот на месецот, пишува Wall Street Journal. Три до пет милиони уреди е повеќе од пристојна бројка за компанија која за прв пат ќе презентира таблет компјутер на пазарот. Сепак Microsoft не е анонимна компанија и брендот можеби ќе биде доволен да ги продадат овие уреди кои ќе чинат од 500 до 700 долари зависно од верзијата.
За да влезе на пазарот на големи врата Microsoft стартува маркетинг кампања на која, според the Verge, ќе потроши од 1,5 до 1,8 милијарди долари. По првата реклама за Windows 8, се појави и првата реклама и за таблет компјутерот Surface. Рекламата главно е фокусирана на звукот „клик“ кој се појавува кога се спојуваат таблетот и тастатурата.
[youtube]8mSckyoAMHg[/youtube]

Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.