0 коментари 1 мин. читање

Мicrosoft објави селфи апликација за iPhone

Microsoft и во новата година ќе продолжи со развојот на апликации за сите оперативни системи, барем доколку продолжи трендот од крајот на 2015 година. Најновата апликација која доаѓа од компанијата oд Редмонд е селфи апликација за iPhone, која е всушност нова верзија на Lumia Selfie апликацијата.

Microsoft Selfie не прави ништо специјално, иако со помош на повеќе пaраметри помага при креирање на подобро селфи. Апликацијата ги зема предвид годините на корисникот, бојата на кожа, светлото, но и куп други параметри за да продуцира подобра фотографија. Апликацијата може да го отстрани визуелниот шум, да ги подобри сликите, да го нагоди времето на експозиција и боите во фотографијата. Вообичаено овие апликации доаѓаат со куп филтри, па и Lumia Selfie не е исклучок.

microsoftselfie

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top