2 коментари 2 мин. читање 4 јануари, 2016

Интернетот, Deep Web и Dark Web објаснети едноставно

Најверојатно веќе сте се сретнале со термините Dark Web и Deep Web, но што значат? Безбедносниот експерт Даниел Мизлер на едноставен и разбирлив начин ја објаснува разликата на овој невидлив интернет простор.

deep-dark-web

Интернетот е местото што го знаеме, сајтовите кои редовно ги користиме, кои се индексирани од пребарувачите за да можат едноставно да се најдат, и сите имаат пристап до нив.

Deep Web е делот од интернетот кој не е индексиран од пребарувачите, што значи дека нивните содржини не се појавуваат при пребарувањето. Сепак, во општ случај, доколку ја знаете адресата може да ги посетите сајтовите кои се дел од Deep Web.

Но, Dark Web се скриениот дел од интернет, темните „улички“ кои за најголем дел од корисниците се скриени, сајтовите се скриени, неиндексирани, а најчесто се и со ограничен пристап. За скриените сајтови обично се користи софтвер за пристап како Tor. Најголем дел од продавниците за илегални стоки: наркотици, оружје, малициозен софтвер и детска порнографија, се наоѓаат на Dark Web. Dark Web e дел од Deep Web со контрола на пристап, без разлика дали се користи за продажба на илегални стоки или од желба за поголема приватност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top