0 коментари 2 мин. читање 18 октомври, 2017

Со Advanced Protection, Gmail е најбезбедниот имејл провајдер

Google ја претстави новата функционалност на Gmail, Advanced Protection Program. Програмата е отворена за сите кои се заинтересирани за повисока заштита од сегашната двојна авторизација.

Сепак сите кои се заинтересирани треба да поседуваат 2 физички клучеви за безбедност. Производителот на клучевите не е важен, иако не сите клучеви се подеднакво безбедни. Користењето на физички клуч за отклучување на имејлот ќе ја прекине опасноста од фишинг измами.

Овој физички клуч ќе го замени паметниот телефон кој се користи за двојна авторизација.

За активирање на напредната заштита потребни се барем 1 Bluetooth клуч и 1 USB клуч. Првиот се користи за отклучување на сервисот на телефон или на таблет компјутер, а вториот за отклучување на лаптоп и декстоп.

Цената на клучевите е околу 50 долари, што и не е премногу за заштитата  што ја нуди.  Google ја препорачува новата функционалност за сите кои имаат потреба од поголема безбедност. Засега оваа заштита е овозможена единствено за Google Drive и Gmail.

„Новинари, бранители на човекови права, активисти за заптита на животна средина и активисти на граѓанско општество се дел од корисниците кои брзо стануваат цел на промени и вешти противници.

За сите чија работа може да предизвика нивниот профил да стане забележителен, активирањето на Advanced Protection Program е суштински чекор за превенција“, вели Ендрју Форд Лајонс.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top