0 коментари 2 мин. читање 18 март, 2014

Microsoft наскоро ќе го претстави Office за iPad

Постои голема шанса Сатја Надела во својот прв јавен настап како нов директор на Microsoft да излезе на сцена за да го претстави долгоочекуваниот Office за iPad, вели ZDnet. Microsoft веќе има закажано настан за 27-ми март на кој ќе дискутира за својата нова „први за мобилни, први на облак“ стратегија, во која секако е вклучено префрлање на популарниот Office пакет и на таблет компјутерите, откако беше префрлен на веб како Office 365 и нa iPhone, Android и Windows Phone како Office Mobile.

iPad верзијата ќе биде слична на Office за iPhone кој беше претставен уште во ланскиот јуни. Ќе може да се едитираат и креираат документи во Word, Excel и PowerPoint, и благодарение на поголемиот 10-инчен екран на таблет компјутерот, се очекува апликацијата да има поголем успех. Но, тој успех ќе зависи од умешноста на Microsoft да привлече нови претплатници на Office 365. Мобилните верзии иако се бесплатни, сепак не можат да се користат без претплатата.

Г. Надела веднаш штом беше избран за нов директор потенцираше дека Microsoft треба да се трансформира, и да започена да носи нови иновативни продукти.

[youtube]T8JwNZBJ_wI[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top