Apple се надева на поголем успех со поевтин iPhone 5C од 8 GB

во Мобилни

Аpple се реши да ја намали цената на iPhone 5C, така што ќе го намали и слободниот простор со кој ќе доаѓа телефонот. Покрај моделите со 16 и 32 GB, сега беше претставен и модел со 8 GB кој е поевтин за значителни 70 долари, oдносно чини околу 650 долари. Но, овој модел ќе биде достапен само на пет важни пазари и тоа во Германија, Британија, Франција, Кина и Австралија.

Иако Apple се надеваше дека пластичниот iPhone 5C ќе биде успех бидејќи е поевтин од помоќниот алуминиумски iPhone 5S, со кој беа претставени истовремено, сепак 5C, иако поевтин, не ги оствари очекувањата и забележа лоши продажби. Најголемиот проблем на кој што наиде Apple е што нивниот „евтин“ телефон, кој е всушност iPhone 5 со пластична маска, беше поскап (и далеку помоќен) од другите поевтини верзии на конкурентните телефони, пример Galaxy S4 Mini или HTC One Mini. Сепак, Apple е оптимист и вели дека поевтинувањето е наменето да се искористи растечкиот пазар на таканаречените „mid-range“ телефони.

„Овој mid-range сегмент расте година за година, и моделот од 8 GB e подостапна опција за пазари каде LTE интернетот почнува да бива се покористен“, вели Apple за Recode.

Покрај поевтината и нова верзија на iPhone 5C од 8 GB, Аpple престана да ја продава втората генерација на iPad-и, и ја намали цената на 400 долари за четвртата генерација на iPad со Retina дисплеј.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk