Microsoft сака да ве убеди дека Surface Pro 3 е подобар од MacBook, дури и плаќа ако ги замените

Microsoft продолжува со промоцијата на својот таблет компјутер Surface со 650 долари кредит за сите MacBook Air модели кои можат да бидат искористени за купување на Microsoft Surface Pro 3 таблет компјутерот. Со ова Microsoft овојпат не го напаѓа iPad, туку го нуди Surface како замена за лаптоп компјутер што со оглед на хардверо и неговата големина, се чини дека е сосем оправдано. За разлка од Surface RT таблет комјутерите, Surface Pro 3 доаѓа со Windows 8.1 и со сите програми и апликации за оваа пларформа.

Што се однесува до хардверот најдобар начин за негова презентација се чини дека е на популарниот блог за хардвер, iFixit. Таблетот доаѓа со 12-инчен ClearType Full HD Plus IPS дисплеј со резулуција 2160х1440, кој поради напорот на Microsoft да креира што е можно потенок таблет, пукна при отворањето, што може да биде показател дека корисниците би морале дополнителни да го заштитат екранот. Директно на екранот е поставен Ntrig процесорот кој овозможува осетливос на допир, но и притисок. Surface Pro 3 доаѓа со 128GB SSD произведен од SK hynix; 8GB DDR3 RAM од Samsung; батеријата е со капацитет од 5.537 mAh кој би овозможил 9 часовна работа; дека станува збор за уред кој е поблизок до лаптоп отклку до хардвер покажува и ладењето кое овојпат доаѓа со вентилатор. Процесорот на Surface Pro 3 е од четвртата генерација на Intel i3, i5 или i7-процесорите. Уредот е со предна и задна камера од 5МР.

Поради количеството на лепило кое е присутно во таблетот, како и дебелината на екранот поради што и најмала грешка може сериозно да го оштети уредот iFixit им додели лоша оценка од 1 од 10.

[youtube]MBAERP1Nm1I[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments