0 коментари 1 мин. читање 26 јуни, 2014

BBC започна да објавува вести на Reddit и Instagram

Британскиот национален телевизиски сервис BBC започна поинтензивно да ги користи новите медиуми за да се приближи до публиката, која сега повеќето време го поминува онлајн. Откако стартуваа Instagram профил преку кој споделуваат кратки сумирани вести во видео форма, наменети за брзо прегледување, сега телевизискиот канал тестира и подфорум на популарниот Reddit. Subreddit е своевидно одолжување на Reddit, откако BBC објави дека нивниот тим ја користи платформата да добие голем дел од информациите.

Покрај споделување на линкови до вестите и дискутирање на Reddit, BBC ги споделува видео вестите и на Reddit.tv. Таму најчесто се објавува содржините кои се споделуваат и на BBC Youtube каналот. Телевизијата е активна и на друштвените мрежи пред се на Twitter на хаштагот #BBCTrending.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top