Очигледно Microsoft е сериозен кога вели дека сакаат да бидат на сите платформи. Компанијата оваа година претстави десетина апликации за iOS и Android, и сега има над 100 активни мобилни апликации во двете продавници. Најголем дел од овие апликации се бесплатни за корисниците.
Покрај финалните верзии Office за Android и iOS, Outlook кои беа објавени неодамна, апликациите на Microsoft Android и iOS може да ги видите на App Annie. Иако квантитетот, односно бројот на апликации не е гаранција за успех, сепак е показател за насоката на компанијата која ја најави Сатја Надела на неговото поставување за нов директор: „Mobile-first, Cloud-first“.
Поголемиот број на апликации e само прв чекор во вистинска насока. За компанијата е многу поважно дали ќе успее да привлече стотина милиони задоволни корисници до своите најдобри мобилни и облак сервиси, отколку дали ќе испорача стотици апликации, вели Quartz.








