0 коментари 1 мин. читање

АRM претстави 64-битни процесори за помоќни телефони

Следната генерација на 64-битни процесори на ARM, според најавата, ќе бидат 3,5 пати побрзи од Cortex-A15 и два пати побрзи од Cortex-A57, процесорите кои се достапни во моментов. Cortex-A72 ќе биде најбрзиот процесор досега, велат од ARM, и ќе биде 75 отсто поштедлив од А15. Заедно со Cortex-A72, ARM го претстави и Mali-T880 графички процесор кој треба на корисниците да им понуди графичко искуства како на конзола. Според првите најави новиот процесор и графички ко-процесор се доволно моќни за 4К-резолуција на паметните телефони и таблет компјутери.

За сега ARM има договор за новaта архитектура на процесор со HiSilicon, MediaTek и Rockchip, а преговорите со Qualcomm се во тек. Тоа што е интересно е што новите процесори ќе бидат конкурентни со подобрите Intel процесори, истовремено поштедливите Intel процесори стануваат конкурентни со ARM чиповите, вели Ars Technica.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top