0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2018

Microsoft идентификуваше нови руски хакерски напади, овој пат таргет се републиканците

Microsoft пронајде неколку нови веб страници креирани од озогласената руска хакерска група „Fancy Bear“. Компанијата успешно успеа да преземе контрола над шест интернет домени креирани од оваа група која се поврзува и со властите во Москва, вели Microsoft.

„Овој пристап досега сме го користеле 12 пати во период од 2 години, и затворивме 84 лажни веб сајтови на оваа група. Напаѓачите сакаат нивните напади да изгледаат автентично и затоа и креираат сајтови и url-а кои се копија на сајтовите на нивните жртви.“

Акцијата со која се отстранети овие сајтови е дел од Defending Democracy Program на Microsoft. За жал, Microsoft предупредува дека групата најверојатно ќе продолжи со праксата во пресрет на изборите во ноември.

Интересно, овој пат цел на нападите немаше да бидат демократите, туку републиканците. Цел на нападот се Hudson Institute и International Republican Institute, јави New York Times.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top