5 коментари 3 мин. читање

Microsoft го претстави Xbox One за да ви понуди се – гејминг, телевизија, музика…

На новиот Xbox ONE ќе може да играте, да гледате телевизија, да изнајмувате филмови или да слушате музика, откри Microsoft на презентацијата за новата конзола. Xbox ONE доаѓа со 8-јадрен CPU/GPU процесор изработен од AMD во соработка со MIcrosoft. Меморијата и капацитетот на следната генерација се значително проширени, па довчерашниот „Durango“ доаѓа со 8 GB RAM и 500 GB хард-диск. Транзицијата од гејминг до гледање на телевизија ќе биде речиси незабележителна вели Microsoft.

Конзолата доаѓа и со интегриран Skype, а проблемот кој конзолата го имаше со пребарување или одбирање на содржина е решен со гласовни команди. Па корисниците гласовно ќе можат да побараат да изгледаат некоја епизода од серијата Game of Thrones или да ја разгледаат програмата на HBО.

Новиот контролер изгледа одлично со подобрен ергономски дизајн и подобрена прецизност и контрола додека играте. Контролерот работи во комбинација со новиот Kinect 2.0 и заедно би требало да пружат навистина забавно искуство. Според најавата Kinect 2.0 ќе ги отчитува и отчукувањето на срцето па кога корисниците ќе вежбаат апликациите ќе можат да понудат совет според состојбата на корисникот.

[youtube]TP_E6Bn6fWM[/youtube]

За жал, новата конзола се повеќе е центар за забава, а се помалку е центар за гејминг. Па иако новата конзола е најавено дека има најмногу оргинални игри во фаза на развој, споменатите наслови ни се веќе добро познати. Forza Motorsport 5, Call of Duty:Ghost, FIFA 14, NFL 25, NBA LIVE 14 се навистина омилени кај играчите, но тешко дека ќе донесат возбуда или свежина која е потребна за ваков производ.

Лошата вест е дека и играњето на позајмени игри ќе биде поскапо. Па ако некој веќе бил сопственик на играта, за да ја изиграте и вие ќе треба да платите „pre-owned fee“. Ако се надевате дека оваа цена сепак ќе биде пониска од цената на играта за жал не е така, според извори на Computer and Video Games играта ќе го чини вториот сопственик исто колку и првиот! За среќа Always-On нема да биде имплементиран на оваа конзола, но сепак активирањето на игрите ќе бара интернет конекција.

И покрај тоа што најголем дел од прегледите се позитивни, Microsoft не успеа да ја импресионира својата најверна публика, па порталот Kotaku излегува со остра критика кон конзолата. Критиките се пред се поради задолжителното користење на Kinect, блокирање на игрите кој сакате да им ги позајмите на пријателите, задолжително конектирање, и неможност за играње на Xbox 360 насловите. Покрај ова најголем дел од придобивките се ексклузивни за САД, интеграцијата со TV е непостоечка за корисниците надвор од САД, а и гласовните команди се неподржани надвор од локациите и подржаните јазици. Овие ставови се пренесоа на најголем дел од друтшвените мрежи и форуми, па оваа ситуација се пренесе и на берзата, наместо очекуван раст, акциите на Microsoft и AMD ја задржаа цената, а акциите на Sony пораснаа 9 отсто.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

5 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top